Денес објавувам дека ќе споделиме дози од Модерна, Фајзер и Џонсон и Џонсон со остатокот од светот. САД ќе споделат најмалку 20 милиони дози, вели Бајден.

Со новите 20 милиони, бројот на дози на вакцини ветени од Белата куќа се искачи на 80 милиони, што, како што вели Бајден, е пет пати повеќе од која било друга земја досега.

-Повеќе од Кина и Русија, вели Бајден, додавајќи дека нема да ја користи вакцината за да добие нешто од земјите приматели за возврат.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки не одговори на прашањето за кои земји станува збор, ветувајќи дека деталите за критериумите ќе бидат објавени наскоро.

Кон крајот на април, Вашингтон најави испраќање на 60 милиони дози вакцина АстраЗенека во други земји, но до денес не е испратена ниту една доза бидејќи американските здравствени власти не дале зелено светло, пишува Индекс.хр.