На виртуелниот самит на АСЕАН, на кој американски претседател учествува првпат од 2017 година, Бајден изјави дека парите ќе бидат наменети за здравство, нова иницијатива за климата, програми за образовна и економска помош за економско закрепнување од корона пандемијата.

Бајден ги нарече односите на САД со АСЕАН „суштински“.

Членки на АСЕАН се Филипини, Индонезија, Малезија, Сингапур, Брунеи, Мјанмар, Тајланд, Лаос, Виетнам и Камбоџа.