САД се подготвени да ја разгледаат опцијата за снабдување на Украина со оружје со среден дострел, што ќе може да погоди аеродроми во Русија, изјави американската заменик министерката за одбрана Кетлин Хикс.
– Да, ние продолжуваме да ги разгледуваме видовите на оружје што ги бараат Украинците, во смисла да им дадеме оружје со малку поголем дострел, истакна Хикс, одговарајќи на прашањето дали Вашингтон би бил подготвен да ја разгледа опцијата за доставување на оружје со кое ќе може да се погодат воените аеродроми во Русија.
Таа не изнесе повеќе детали за оружјето.
Х икс потврди дека американската страна ќе продолжи да обезбедува разузнавачки информации за Украина и дека ќе ја снабдува со муниција.