Во силното невреме што вчера ја зафати јужната американска држава Тенеси, шест лица загинаа, а повеќе од 20 повредени се префрлени во болници, а во многу градови оштетени се домови и деловни простории.

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа кога торнадо го погоди округот Монтгомери северно од Нешвил во близина на границата со Кентаки, соопштија локалните власти.

Засега не се познати деталите за другите три загинати лица.

Оперативниот центар за вонредни состојби во Нешвил преку социјалните мрежи објави дека три лица загинале во силното невреме во населба во близина на центарот на градот, а дека 23 други биле примени во болниците во округот Монтгомери со повреди.