-28 милијарди евра потроши оваа Влада, а за возврат нема ниту еден проект, проект по кој ќе се препознае оваа Влада, рече Ѓоргија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата „За или против“, на телевизија Алфа.
„Следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има волја да се бори против криминал, да се почитува правото онака како што заслужуваат граѓаните за да има правна и економска сигурност. Само така ќе го задржиме луѓето кои се тука, а да оставиме простор и тие штоп заминале да се вратат. Малку е потребно за напредок и за функционирање на правна држава и да има судство и обвинителство какво што е потребно“, рече Сајкоски
Во однос на уставните промени, посочи дека притисоци има за уставни промени, но единството е поголемо
„Со секој нов притисок само се зголемува единството во партијата, пратеничката група“, рече Сајкоски кој посочи дека и по нападите од претходниот партиски претседател единството е поголемо од кога и да е.
„Има највисок степен на единство во ВМРО-ДПМНЕ, лидерот Христијан Мицкоски ја има поддршката, а граѓаните го препознааваат како иден премиер. Поддршката ја гледаме секојдневно кога сме меѓу граѓаните“, кажа Сајкоски.
Според него, планот на партијата сега е да биде меѓу членовите.
„Сакаме да ги слушнеме сите граѓани и во програмата да бидат вклучени идеите и барањата на граѓаните“, вели тој.