„Имаме предлог за разрешување на министер без ресор, министер за кој што Владата и ние пратениците гледаме дека ништо не сработил во периодот додека бил министер. Имено министерот кој што требало да биде министер за дијаспора изминатиов период не сработил ништо, не реализирал ништо“, истакна Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сајкоски додаде дека изминатите шест години Македонија има една од најнеспособните Влади и најнеуспешните која што ја измачува државата и граѓаните.

 

„Мислев дека Владата, колегите пратеници од Социјалдемократскиот сојуз и сите ние ќе имаме доблест да дадеме можност да има нови избори на кои што ќе има избор на нова Влада која што знае и што треба да се испорача на граѓаните и како да се помогне на државата“, заклучи Сајкоски.

 

Тој посочи дека приоритет на оваа Влада и на овие министри , на овој состав на ДУИ и СДСМ е грабежот, не е градењето на државата.

 

„Жално е што во мотивите на овие две партии за учество во Влада не се приоритетите граѓаните. Како и да се реконструира и кој и да влезе во оваа Влада таа ќе биде иста онаа Влада која што ништо не испорачува изминатите шест години“, рече Сајкоски.