Кога зборуваме за ВМРО-ДПМНЕ ние зборуваме за историја, традиција, посебност и ние го оцртуваме континуитетот на нашата борба и нашиот континуитет кој потекнува од 1893 година кога се прокламираше идејата за посебност, автономија и наша суверена македонска држава. За тоа се бореа илинденците, луѓето од АСНОМ, за тоа имаше многу жртви и за тоа во 1991 година по предлог на ВМРО-ДПМНЕ станавме независна, суверена Република Македонија“, истакна Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на трибината на ВМРО-ДПМНЕ насловена „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“.

Сајкоски додаде дека периодов што следеше беше со предизвици, но се беше во она што е нашиот континуитет.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 33 години е разумот на државата. ВМРО-ДПМНЕ е заштитникот на македонските национални интереси на македонските државни интереси. ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 33 години е градителот на нашата Македонија затоа треба да продолжиме онаму каде што застанавме“, кажа Сајкоски.

Тој потенцираше дека на изминатите локални избори ВМРО-ДПМНЕ го направи првиот чекор и сега ни следи уште еден завршен чекор. Првиот чекор беше делегитимирање на оваа ненародна власт, а вториот чекор треба да биде преземање на власта под раководство и работа на ВМРО-ДПМНЕ.

Сајкоски упати порака и порача на сите добронамерници да се приклучат на ВМРО-ДПМНЕ.

Следниот период е специфичен да го поддржат визионерството на ова раководство и Македонија како држава онака како што заслужуваме сите. Ние како раководство ги оставаме вратите отворени за секој член и поединец кој размислува како нас да влезе со нас и заеднички да ја градиме државата“, дециден е Сајкоски