„После поминатиот терен мојот впечаток е дека Република Македонија во ВМРО-ДПМНЕ ја гледа единствената и можеби за жал последна можност за спас на Република Македонија од ова сивило и од овие предавства“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ на тема „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“.

Таа посочи дека граѓаните гледаат во ВМРО-ДПМНЕ единствена и последна можност за спас на државата.

„Сите граѓани изминативе шест години видоа што значат криминалните политики на актуелната власт. Во нас последна можност за спас гледаат и уставобранителите кои што шест години гнијат во затворите. Во нас последна можност за спас гледаат сите кои што изминативе шест години беа обесправени, а само заради тоа што не се откажаа од ВМРО-ДПМНЕ и што не ја предадоа Република Македонија. ете таков е мојот впечаток како нашиот народ нѐ доживува и јас таа верба на народот во нас ја сфаќам како исклучително огромна обврска која што ние ја носиме периодов и сигурна сум дека ќе ја износиме со една огромна победа на над сите овие неправди“, нагласи Стојаноска.

Стојаноска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ дава шанса на жените, доказ за тоа е што е што во ВМРО-ДПМНЕ во Извршниот Комитет има 9 членки. ВМРО-ДПМНЕ има потпретседателка на партија. ВМРО-ДПМНЕ има 18 пратенички. Има и 16 претседавачки на општинските Совети. Едноставно ВМРО-ДПМНЕ е отворено за сите жени, не затоа што се жени туку затоа што квалитетни.