Сали Бериша, поранешен претседател и екс-премиер на Албанија, на социјалните мрежи ја коментираше посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Македонија, објави Прес24.
Курти присуствуваше на свеченост во Чаир за преименување на улица која сега го носи името на Адем Демачи. Според Бериша тоа е чест за Скопје, Македонија и за целиот регион.
Како што вели Бериша изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски е избрзана и повредува.
– Она што ме повреди во оваа приказна е реакцијата на претседателот на Северна Македонија на именување на улица во Чаир по Адам Демачи, европскиот Мандела, лауреат на наградата Сахаров на Европскиот парламент. Во овој контекст, негативната реакција на претседателот Пендаровски на овој чин – чест за Скопје, Северна Македонија и целиот регион, мислам дека е избрзана и болна за секој либерален граѓанин на нашиот регион и уште повеќе за секој Албанец кој го смета Адем Демачи за национален херој, вели Бериша.
„Покрај овие, најостро ја осудувам реакцијата на непоправливиот албанофобичен Александар Вучиќ. Српскиот претседател Вучиќ посетата на Курти ја нарече скандал над скандалите со цел да се нарушат односите меѓу двете соседни и независни земји“, пишува Бериша.
„Ја повикувам меѓународната заедница да ги осуди ваквите патерналистички интервенции на српскиот претседател кои имаат за цел да ги зголемат тензиите и да ги влошат меѓусоседските односи во регионот. Косово и Северна Македонија се две пријателски соседни земји на неодредено време поврзани со илјадници мостови и нишки. Тие ги имаат сите инструменти и можности сами да го решат секое недоразбирање или противречност со дијалог и без улогата, ниту пак со злонамерната интервенција на малиот Путин во Белград“, додаде Бериша.