Сам против сите, лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски со обвинувања за „националното обединување“ во кое нема повик за коалицијата „Храбро за Македонија“ која тој ја предводи.
Сам против сите
Јакимовски вели дека маските паднале и дека признанието на Христијан Мицкоски дека повеќе нема да ги напаѓа ниту „Левица“, ниту „Знам“, значи дека тие стануваат јавна коалиција.
Тоа покажува дека ги усогласуваат ставовите во врска со промена на Уставот, вели Јакимовски.
Спречување на иселувањето на младите
Приоритет на Коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе биде спречување на иселувањето на младите, отворање на нови работни места и привлекување на инвестиции.
Во земјава има граѓани кои не се согласуваат со овие политики велат од коалицијата „Храбро за Македонија“ и се подготвени да се спротивстават на сите уцени и закани кои доаѓаат од кој било дел и од кој било политички субјект.