Словенецот Александар Чеферин, кој е на чело на УЕФА од септември 2016 година, е единствен кандидат за претседателската должност на изборниот конгрес што ќе се одржи на 5 април во Лисабон.
Адвокат по вокација, 55-годишниот Чеферин ќе ја предводи УЕФА во уште еден четиригодишен мандат, откако единствен поднесе кандидатура заклучно со крајниот рок за пријавување што истече во четвртокот.
Претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Гре во обидот да биде реизбран за европски претставник во Советот на ФИФА ќе има против кандидат во својот португалски колега Фернандо Гомеш.