Времето денеска ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, но во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе предизвика намалување на условите за магливо време во повеќето котлини.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Утре и во недела ќе се задржи стабилно време, а по котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. В понеделник претпладне се уште ќе има појава на магла, додека кон крајот на денот и во вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.