Ваквата бројка на новозаболени меѓу учениците доаѓа во момент кога гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, даде извршна наредба со која се забранува училишните области во таа американска држава да бараат употреба на маски поради критики и тужби.
Додека државните училишта во округот Палм Бич ги направија маските задолжителни за сите ученици и вработени, 6.394 од околу 167.000 ученици во областа се откажале од носење.
Според Центарот за контрола и превенција на болести, Флорида досега има пријавено над 2,7 милиони случаи на Ковид-19 и во моментов има просечна седумдневна стапка на позитивност помеѓу 20 и 25 проценти.
Американското здужение на педијатри соопшти дека речиси 94.000 деца се заразени досега со Ковид-19.