Направена е голема материјална штета, а многумина се’ уште се водат за исчезнати и се трага по нив под урнатините. Исто така, во болниците има голем број повредени.

Властите претходно издадоа предупредување за цунами.

Набргу по земјотресот, нивото на морето почна да се крева, а плимниот бран ги поплави улиците. Ова предизвика дополнителна паника кај жителите, кои се’ уште се во шок од разорниот земјотрес.

Објавените снимки покажуваат луѓе како трчаат низ поплавените улици.