Повеќе од 53.000 граѓани на Македонија во 2022 година се преселиле во Германија, соопшти Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“

Во 2021 година во таа земја заминале „само“ 32.000 граѓани. За 2023 година нема официјални податоци, но ако се задржал трендот, бројката ќе биде огромна

Според последниот попис од 2022 година, во Германија живеат 222.000 македонски граѓани. Најголем дел од нив работат во транспортни компании како возачи, а некои и во фабрики за производство на храна. Жените, освен во фабрики, работат и во ресторани за брза храна, но и како хигиеничарки.

Берлин, Штутгарт, Хамбург, Хановер итн. се областите кои се најмногу населени од граѓани на Македонија во Германија.