Според податоците на сајтот на Здравствениот центар во Врање, до 2 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини изнесува 68.548.
Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27.291, бројот на вакцинирани граѓани на Република Македонија со првата доза е 10.390, додека бројот на вакцинирани граѓани на Република Босна и Херцеговина е пет граѓани.
Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со втора доза е 26.678, бројот на граѓани на Република Северна Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 4.179 и пет државјани на Република Босна и Херцеговина.
Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина Синофарм, додека помал број ја добиле вакцината на Фајзер.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон во Собранието за враќање на парите што граѓаните ги потрошија за вакцинација во Србија. Според податоците на партијата околу 40.000 граѓани досега се имаат вакцинирано во странство од кои што најголем дел околу 30 илјади се имаат вакцинирано во Србија.
– За сите во светот вакцината против КОВИД-19 е бесплатна, но македонските граѓани поради неспособноста на Заев и Филипче ја платија преку трошоци за превоз и за престој во соседните држави за да се вакцинираат, се вели во соопштението.