Санкционирани се 168 возачи при акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин која МВР ја спроведе во текот на вчерашниот ден.
– Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, наведуваат од МВР.
Апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што, како што посочуваат, непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.
– Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, потенцира МВР.