Екипи на СВР Велес од 22 часот во саботата до 4 часот во неделата на подрачјето на СВР Велес спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
Притоа биле констатирани и санкционирани 14 прекршоци, информира Ристе Самарџиев од СВР Велес.
Засилените акциски контроли, како што најавија од СВР Велес, ќе продолжат и во наредните денови.