На 20.02.2022 околу 16:25 часот во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода тетовците Л.А.(31) и П.М.(31) и Њ.Ј.(20) од тетовско Пршовце.

При преглед на возило „шкода фабиа“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал П.М., била пронајдена марихуана.

Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.