При контролата санкционирани се 15 учесници во сообраќајот, од кои 13 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и две санкции за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.