Меѓу мерките 46 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 15 за возење без возачка дозвола,16 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки.

Меѓу мерките 46 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 15 за возење без возачка дозвола,16 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за возење под дејство на алкохол, пет за нерегистрирани возила, 73 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.