Министерството за внатрешни работи соопшти дека во вчерашната засилена акциска контрола од 09.00 до 14.00 часот на територијата на Република Северна Македонија санкционирани се 205 пешаци од кои 189 за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин.

На 46 пешаци им се издадени покани за посетување сообраќајна поука.

За време на контролата регистрирани се и 88 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

-Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин зашто непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, наведува МВР.