Земјотрес со локална магнитуда од 3.1 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 14:19 часот на 132 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци на Опсерваторијата, земјотресот имал интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од населението во Богданци, во Струмица, во Валандово и околината.