Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера спровело зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 216 возачи.
Од нив, како што се посочува, 34 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 128 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 87 надвор од населено место.
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.