Моментално, втората највисока зграда на светот е кулата „Шангај“ од 632 метри.
„Лахта центар 2“ ќе се наоѓа на периферијата на Санкт Петербург, веднаш до оригиналниот облакодер „Лахта центар“, кој е седиште на енергетската компанија „Гаспром“ и со своите 462 метри, највисока зграда во Европа.
– Новиот ‘Лахта центар‘ ќе биде пример за одржливо дизајнирање на високите згради, изјави Тони Кетл, чија фирма „Кетл колектив“ стои зад проектот.
„Лахта центар 2“ ќе има 150 спратови и ќе содржи деловни, сместувачки и релаксирачки простори.