Францускиот предлог и евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија ќе бидат во фокусот на денешната средба на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и специјалниот пратеник на Сојузната Влада за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), планирано е Сарацин да се сретне и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Маричиќ и Сарацин ќе разговараат и за состојбите во регионот, а по средбата ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.
-По посетата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин ќе биде четври европски функционер, во последните три денови, кој доаѓа во овие клучни и историски момент да даде поддршка на францускиот предлог за почеток на преговорите со Европската Унија и да ги потврди уште еднаш македонските позиции, наведува СЕП.