– Пандемијата со корона е реален проблем и се покажа дека мора да имаме секогаш план Б. На пример ни треба и развој на планински, ловечки туризам со што Кожув ќе стане туристички центар, а ќе правиме испитувања и за да се развива и бањскиот туризам. Значи на Гевгелија и требаат реални проекти, рече Сарамандов.

Тој истакна дека има простор за развивање на локалниот економски развој, како и на регионалниот развој.

– Планирам еднаш годишно да има и бизнис форуми за да се унапреди соработка на компаниите и истите да имаат заеднички настап на трети пазари, рече Сараманов.

Сарамандов се осврна и на другите проблеми, како и решенијата кои ги нуди. Тој истакна дека ќе бара и трајно решение за градската депонија, а најави и други проекти.

– Во Гевгелија ќе направам да има и повеќе зелени површини, на пример ќе се направи модерен парк кај браната Топлик, рече Сарамандов.

Според него не може да се привлекуваат инвеститори и да се создаваат услови за нив кога голем дел од парите од општинскиот буџет одат за плати.

– Повеќе се потрошени пари за плати, како вие ќе реализирате проекти, како ќе создадете услови за инвестиции и привлекување на инвеститори кога парите ги трошите само за плати, вели Сарамандов.