Денес, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов одржа прес конференција на која пред медиумите ги презентираше постигнатите резултати по изминувањето на една година ја презеде функцијата Градоначалник на Општината.
На почетокот тој потенцираше дека изминатата година беше исполнета со многу непредвидени ситуации и предизвици, пред се, како резултат на енергетската криза. Но сепак и покрај тоа реализирани се, рече тој, во 2022 година голем број на капиталните проекти на територијата на општина Гевгелија.
Реализацијата на овие проекти придонесе за подобрување на патната, комуналната и воопшто инфраструктурата во Општина Гевгелија. При тоа тој ги спомна:
-Изградба на атмосферска канализација во должина од 6.500 метри во градот Гевгелија, на потегот од Динќут до жележничката станица и две улици во серменинско маало.
-Нов водоснабдителен систем во населено место Негорци
– Нов водоснабдителен систем во населено место Прдејци
Значително е подобрена патната инфраструктура во општина Гевгелија, а за таа цел од Буџетот на Општина Гевгелија се издвоени 16.705.720 денари.
-Изградба на сервисна улица кај Милци, со што се подоборува сообраќајната врска Гевгелија-граничен премин Богородица
-Доградба на патот до село Ума 800 метри е во завршна фаза
Исто така извршена е реконструкција на повеќе улици со асфалтирање и бетонирање во Гевгелија и населените места: Негорци, Миравци, Богородица, Моин, Смоквица, Петрово, Давидово, Милетково и Мрзенци.
Во 2022 год. Гевгелија и Прдејци добија нов Младински дом кој беше дамнешна желба на граѓаните од ова населено место.Беше реконструираан стариот објект со пренамена на средствата од ТАВ, а потоа обезбедивме средства од буџетот за внатрешно уредување,опремување на објектот и уредување на дворното место
Наскоро и Богородица ќе добие прекрасен простор,во моментот со сопствени средства се реконструира стариот објект на Винојуг на Богородица
-Во 2022 година повторно започна со работа систем 48 часа и граѓаните се исклучително задоволни од функционирањето на истиот
-Во изминатиот период беа обезбедени сите услови и профункционира Времената депонија кај Ново Конско
-Исчистени се дивите депонии кај Миравци, Смоквица, Серменин и Смрдлива вода
– Се започна и со реализацијата на проектот за селектирање на отпадот кој е од голема важност за општина Гевгелија, а, на добар пат е да се реши и проблемот со кучињата-скитници со изградбата на Стационарот за бездомни животни, која е во завршна фаза.
Основното училиште „Владо Кантарџиев“ и подрачното училиште во Мрзенци добија нови огради во училишните дворови.
-Изработена е платформа за туризмот во општина Гевгелија за промоција на туристичкиот потенцијал а заедно со сите чинители во туризмот креиравме и туристички идентитет на општината.
Изработен е промотивен материјал – сувенири, брошура, флаери, видеа, маици со туристичкото лого и веб-страна. Со цел да се обезбеди поголема афирмација на ова туристичко поднебје, а во иднина општина Гевгелија ќе учествува на туристички саеми заедно со чинителите на туризмот во нашата општина.
За подобрување на условите за спортување, започната е целосна обнова на спортската инфраструктура во Општината.
-Реконструкција на кошаркарското игралиште со модерна пластифицирана подлога „Иван Пенов“
-Реконструкција на мултифункционалното спортско игралиште „Партизан“ со модерна тартан подлога
-Рехабилитација на мултифункциналното спортско игралиште „Касарна“
-Рехабилитација на фудбалските игралишта во Миравци, Мрзенци и Прдејци.
За поголема ангажираност на младите, формирани се:
-Драмска секција за деца која функционира во Народниот театар во Гевгелија,
-Школа за Млади гитаристи кои секојдневно посетуваат бесплатни часови,
-Логопетски третман за деца со проблеми во вербалната комуникација,
-Субвенции за набавка на велосипеди.
Културниот живот во градот и општината во 2022 година беше збогатен со:
-Музичка програма за Новогодишната ноќ и со
-Гевгелиско културно лето во чии рамки беа одржани дваесеттина културни настани кои беа посетувани и од транзитните туристи во нашиот град
-Богата културна уметничка програма 7-Ноември.
На крајот, одговарајќи на прашањата на новинарите, Сарамандов истакна дека дека преку одделението за локален економски развој беа изработени десетина осбновни проекти со кои аплициравме и на домашни и странски конкурси. Дел од нив се одобрени додека дел се во фаза на апликација. Освен преку системот 48 часа, комуницирам, рече тој, со граѓаните на општината преку неделните приемни денови, состаноци со месните заедници, со бизнис заедницата и НВО секторот и преку тоа заеднички ги нотираме приоритетните проекти кои треба да се остварат. Што се однесува до односот со Советот на општината, тој е коректен, а што се однесува до критиката од страна на опозицијата, дел од таа критика е добронамерна но поголемиот дел тие критики се паушални и дел од политичкиот фолклор. Затоа, велам дека време е да се издигнеме сите заедно над политиката и да работиме за доброто на сите граѓани на општината. За проблемите со електричната енергија, Сарамандов одговори дека преку целата година работел со својот тим да овозможи сите институции да работат непречено, при што делот со уличното осветлување бил решен, додека најголемиот проблем со водните пумпи и сметките за струја за нивна работа, ако лани ова време сметките биле 13 милиони денари, оваа година тие изнесувале, заклучно со октомври 55 милиони. Мислам, потенцираше тој, дека добро го менаџиравме овој проблем и немаше ситуација на никакво исклучување на електричната енергија како што тоа беше во некои други општини., а ЈПКД Комуналец редовно ги испорачуваше своите услуги.
Градоначалникот Сарамандов, како претседател на Советот на градоначалници на Југоисточниот регион е задоволен од работата и од доприносот на сите радоначалници од регионот.За сите општини беа издвоени 128 милиони денари, а како успешен регион добиена е покана да се учествува на саемот на општини во Барселона каде ќе бидат размениме меѓусебните искуства на Европските општини.