Тоа значи дека мобилните телефони ќе можат директно да се поврзат со „Сателитите во ниската Земјина Орбита (ЛЕО) благодарение на чипот „Квалком Икс-60“.
Сателитите ЛЕО веројатно се најпознати како „рбетот“ на мрежата на „Старлинк“, која има за цел да ја покрие Земјата со интернет. Сепак, „Старлинк“ не е единствената компанија која користи ЛЕО сателити за поврзување. „Хјузнет“ и „Уанвеб“, исто така, ги здружија силите за да понудат конкуренција, а и „Имарсат“ најави своја 5-Г констелација.
Уште поважно за оваа гласина за „Ајфон“, е „Глобалстар“, којшто доби значајна вредност на почетокот на оваа година, кога „Квалком“ објави дека претстојниот чип „Икс-65“ ќе ја поддржува технологијата на „Глобалстар“. Како новата функција ќе влијае на батеријата, допрва ќе се покаже.