Продажбата ќе трае до 14 септември, а ако останат слободни билети, ќе има индивидуални продажби пред секој поединечен натпревар.

„Натпреварите ќе бидат организиран согласно протоколот за работа и одржување натпревари усвоен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Истите ќе бидат со ограничен број на публика. За натпреварите на домашен терен, салата во СЦ „Јане Сандански” ќе може да биде исполнет со максимално 30 отсто од капацитетот.

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:

*сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите“, информираат од Вардар.

Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цени на сезонските билети:
Блокови 1, 2 и 9:
Цена – 2.500 денари

Блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14 и 15:
Цена – 3.000 денари

Блокови А2, А3, А5 и А6:
Цена – 3.500 денари