Од СДСМ обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ избегнува да даде одговори за случајот со загадената вода во болницата и наместо да утврди одговорност, повторно упатува напади кон лидерот на опозицијата Венко Филипче. Според партијата, Филипче објавил документи што покажуваат дека уште во мај годинава во болницата било утврдено присуство на колиформни бактерии, но надлежните институции не презеле соодветни мерки.
Од СДСМ посочуваат дека ова е четврти случај за краток период поврзан со проблеми со квалитетот на водата, по случаите во Гостивар, Валандово и Крушево. „Наместо да објаснат зошто пациенти во болница биле изложени на ризик, зошто институциите не реагирале и кој ќе сноси одговорност, од ВМРО-ДПМНЕ одговорија со напади кон Венко Филипче“, се наведува во партиското соопштение.
Партијата бара одговори зошто во болницата имало загадена вода, зошто по нејзиното откривање не биле преземени итни мерки и кој ќе понесе одговорност доколку пациентите биле изложени на ризик.
