По огромниот пораз на парламентарните и претседателските избори, денсека на внатрепартиски избори опозициската СДСМ бира нов лидер на партијата. Ќе се гласа на 77 избирачки места низ државата, а на списокот со право на глас се 23 373 социјалдемократи.
На гласачкото ливче, членовите на СДСМ ќе може да бираат помеѓу тројца кандидати – поранешниот контроверзен министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и поранешниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски.
Повеќе од извесно е дека на внатрепартиските избори во СДСМ ќе победи Венко Филипче, кој уште од пред парламентарните избори беше подготвуван за оваа функција од страна на неговиот политички ментор, поранешниот премиер Зоран Заев.
Заев целосно ги контролира внатрепартиските структури, така што, според информациите на Радио Лидер и овие избори ќе бидат конструкт, исто како и претходните внатрепартиски избори.
Дека работите стојат вака лошо, потведи и поранешната министерка за одбрана Слвајанка Петровска, која се откажа од трката за лидер на СДСМ. Таа вчера со писмо до Централниот одбор на партијата, ја повлече кандидатурата наведуваќи дека сака да го заштити СДСМ од нелегитимен избор на претседател како и да избегне да биде соучесник во погазување на статутот. Таа претходно побара и откажување на изборот за претседател, закажан за денеска.
-Според статутот на СДСМ сите кандидати треба да имаат подеднакви можности за претставување и лобирање, па затоа вчера на состанок одржан во просториите на партијата со претставниците на ЦИК информирав за сериозни забелешки во поглед на точноста и легитимноста на Избирачкиот список, злоупотребата на личните податоци на илјадници членови на СДСМ, кое продолжи и денеска. За жал не добив одговор кој ги побива овие тврдења. Сите овие основани и потврдени сомнежи го нарушуваат легитимитетот на овие избори и резултати“. – напиша Петровска
На ваквите барања на Петровска, одговори претседателката Централната изборна комисија за избор на претседател на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ. Таа во соопштение до медиумите вели дека Комисијата работела напорно за да спроведе транспарентен и демократски процес, па затоа внатрепаритското гласање денеска ќе се одржи. Во врска со забелешките за процесот, Вики Мадичќ нагласи дека дел од доставените приговори од страна на некои општински организации биле прифатени, дел не.
Во изминатиот период тројцата водеа кампања и ја претставуваа својата програма пред членството. Филипче ја презентираше програмата „Нов СДСМ за нови победи“, програмата на Деспотовски е насловена „Нов почеток“, а Бајдевски со пораката „Секој член е промената“.
Изборот доаѓа по оставката на поранешниот премиер Димитар Ковачевски, кој исто како и идниот лидер беше личен избор на Зоран Заев. Во главно, на сите денеска им е јасно дека Филипче ќе стане нов лидер на СДСМ, благодарение на инжинерингот. За тоа во што ќе ја превори СДСМ, ќе анализираме од утре.