Центарот на главниот град е блокиран, а низ централното градско подрачје може да се забележи раздвиженост во однос на митинзи во текот на денешниот ден.

Пред зградата на ЕУ во Скопје денеска во 13 часот митинг ќе одржат СДСМ со Коалицијата за европска иднина и нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски, додека во 20 часот на плоштадот Македонија ќе митингува коалицијата на ДУИ, Европски фронт. На митингот пред мисијата на ЕУ најавено е обраќање на претседателот на Пaртијата на европски социјалисти и демократи – ПЕС, Стефан Левен, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, како и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. редвидено е куси обраќања да имаат и носителите како и коносителите на изборните листи на СДСМ и Коалицијата

Поради двата митинзи кои се очекува да имаат голема посетеност, МВР уште од синоќа спроведува посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје со затворање на делници од булеварите кон зградата на ЕУ, додека вечерва ќе има времено затворање на улици и булевари кои водат кон плоштадот Македонија.