Во Софија има придвижување бидејќи Софија е до целосно исполнување на своите првични максимални позиции, вели Никола Димитров поранешен шеф на дипломатијата и министер за надворешни работи во владата за СДСМ, за францускиот предлог.
Димитров коментирајќи ја изјавата на државниот секрета за европски прашања на Франција, Клеман Бон, вели дека и самиот тој кажал дека имало консултација од Софија и Скопје за францускиот предлогот, додавајќи дека владата на СДСМ и институциите се неодговорни кога велат дека се уште не го знаеле што содржи предлогот и дека допрва го чекаат, посочувајќи дека во демократска земја ова ќе беше причина за повик за одговорност., Тоа е што клучно од изјавата на министерот Бон и што за прв пат доаѓа од земја членка е во судир со молкот и тезите на владата и други институции во државата кои што велат дека ова било интерна работа на ЕУ, дека ние допрва чекаме, истакна Димитров. Бон многу јасно кажа дека имало консултации со Скопје и Софија. И во таа смисла ова играње со јавното мнение со јавноста, со граѓаните мислам дека е несериозно.
-И дури само ова во една демократска земја може да биде причина за повик за одговорност. Како тоа уште го чекаме предлогот, како тоа предлогот бил интерната работа на ЕУ, како да се работи за преговарачка рамка за Бурунди, а не за нашата Македонија. И очигледно нашите институции биле вклучени во комуникација со француското претседателство, во креирање на овој предлог, изјави Димитров.