„Со години чекаат и стотици земјоделци по разни ставки исплати за надомест на штета од големите временски непогоди.
Заев вети и сигурен откуп и високи откупни цени. Четири години родот завршува на буниште, а земјоделците без леб.
Власта ништо суштински не им помогна на земјоделците. Само лаги и многу фалби, без резултати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ има уште неисплатени субвенции од 2017, а доцни и за 2018 и 2019-та, обвинува опозицијата
С
Власта не ги исплаќа навреме субвенциите и има селективност при исплата, и Владата на СДСМ има уште неисплатени субвенции од 2017-та а доцни и за 2018 и 2019 година, реагираа ВМРО-ДПМНЕ во неделата на прес-конференцијата на која владејачката партија информираше за наводен економски раст.