Силни емоции и жесток политички речник во емисијата 200″ на Алсат М која е снимена утрово а ќе се емитувавечерва 21.50 часот .

“Оставките и одговорноста после трагедијата во Тетово. Дебатираат: Агим Нухиу – Заменик министер за правда,Антонио Милошоски – Пратеник на ВМРО ДПМНЕ и Вјољца Бериша – Член на претседателството на АА“, стои во најавата на Алсат М за емисијата која според извори во телевизијата била прилично напната.

Иако своето учество во емисијата го потврдиле претставници на СДСМ никој од владеачката партија не учествувал во дебатата за клучното политичко прашање деновиве.