Тој укажува дека пациентите знаат дека во тие модуларни ковид-болници повеќе луѓе.

-Ние сме дефокусирани во моментов. Не зборуваме за пожарот, туку за моралниот чин на оставките. Тоа е готова работа. Треба да се стават на седница и да се стават нови луѓе во министерството и здравствената установа во Тетово, изјави Таравари.

Тој бара германските експерти кои треба да пристигнат во земјава и да бидат дел од истрагата за пожарот, да бидат однесени и во другите модуларни болници, за да ги разгледаат и да видат дали ги имаат потребни услови.

-Истрагата ќе покаже кој е виновен за ова. Сметам дека во моментов не треба да се затворат другите модуларни болници, но ако не ги исполниле условите воопшто не требало да се отворат, додава Таравари и информира дека Светска банка била донатор на средствата за модуларната болница.