Во продолжение интегрален текст од соопштението на СДСМ:
-ВМРО-ДПМНЕ е против ЕУ, тоа вчера пред јавноста го призна им самиот Христијан Мицкоски.
Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ хистерично ја лажат јавноста со месеци.
Исто како што лажеа за измислена Тиранска платофрма, за кантонизација, за кампови со мигранти, сега лажат за измислена бугаризација.
Секому му е јасно дека во предлогот од француското претседателство се вградени нашите забелешки и ставови, дека имаме чист македонски јазик во ЕУ, дека историските прашања нема да се дел од преговарачкиот процес.
Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.