ВМРО-ДПМНЕ постојано се противи на секој важен стратешки проект во државата. Денес оваа партија отворено се противи и на историски најголема инвестиција во патната инфраструктура во државата – изградбата на делниците од коридорите 8 и 10д, соопшти СДСМ.
„Скандалозно и неодговорно, ВМРО-ДПМНЕ, партијата во заложништво на проруската Левица, шири невистини и ги обвинува САД и изведувачот Бехтел за корупција. Со СДСМ државата се развива, се модернизира додека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е партија која е симбол на провизии од кинеските патишта, симбол за криминал и корупција со нелегално стекнат имот врз грбот на граѓаните“, соопшти партијата.