СДСМ во Аеродром е сѐ послаба. Мнозинството во Советот на најголемата скопска општина зголемено со двајца советници кои ја напуштиле советничката група на СДСМ.
Ако осумте пратеници кои СДСМ во Аеродром ги имаше по локалните избори беа слаб резултат, сега нивниот брод продолжува за тоне. Ако се земе предвид дека СДСМ пред само неколку години имаше 15 советници сега тој број е точно два и пол пати намален и имаат само 6 советници.
По завршувањето на изборите ВМРО-ДПМНЕ имаше 14 советници, СДСМ 8, а Левица 5. Две години подоцна СДСМ ја напуштија двајца и Левица има само еден советник помалку од нив.
Двајцата советници кои ја напуштија советничката група на СДСМ сега гласаат со поддршка за клучните проекти кои значат развој на Општина Аеродром.
Иако насловот дека СДСМ се распаѓа можеби и не е целосно вистина бидејќи тие сѐ уште имаат свое јадро во оваа општина факт е дека ВМРО-ДПМНЕ е сѐ појака. Народот ги препознава проектите кои ги предводи градоначалникот Муцунски, но и на ниво на целата држава додека на чело е Христијан Мицкоски.