СДСМ обвини дека продолжува кампањата со навреди и говор на омраза насочена кон претседателот на партијата Венко Филипче и кон опозицијата. Повод за реакцијата е објава на министерот Иван Стоилковиќ на социјалните мрежи, преку која, според СДСМ, бил промовиран текст со навредливи квалификации за Филипче и за партијата.

Од СДСМ тврдат дека ваквиот речник дополнително ги поттикнува омразата и нетрпеливоста во јавниот простор. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат дека создава политичка атмосфера што може да доведе до насилство.

Во реакцијата партијата го споменува и неодамнешниот напад врз деца во Ново Село, за кој оценува дека е последица на таквата атмосфера. Оттаму бараат надлежните институции да реагираат и јавно да ги осудат ваквите појави.

СДСМ порача дека навредите и говорот на омраза не смеат да бидат дел од политичката комуникација и побара одговорност за нивното ширење