Несовесно паркирање на возило со тетовски регистарски таблички предизвика нервоза меѓу туристи во Улцињ, Црна Гора.
На социјалните мрежи беше објавено видео во кое се гледа автомобил „БМВ“ со тетовски ознаки, паркиран така што го блокирал излезот од паркинг за осум други возила.
Жената која го снимила видеото апелирала доколку некој го познава возачот или случајно го види, да му пренесе да го помести автомобилот, за да се избегне повикување полиција.
„Ќе бидеме приморани да му повикаме полиција, иако не ни е тоа во интерес. Знаеме како е кога си во странска држава, возилото ќе ти го однесат, па потоа ќе мора да го бараш“, вели таа во видеото.
Според нејзините зборови, две лица веќе тргнале низ градот да го бараат сопственикот на возилото, но сметале дека поради големиот број туристи тешко ќе го најдат, особено околу главната плажа.
Видеото предизвика реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците го критикуваа несоодветното паркирање, особено во туристички места каде во сезоната има голема гужва.
