Министерството за економија утринава побара увозникот од Косово, а зошто не и производителот од нашата страна, да побараат да се направи супер анализа на брашното што се увезува кај нашиот сосед од земјава, информира ресорниот министер Крешник Бектеши.

-Утринава имав состанок со мелничарите и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на кој ни ги доставија сите документи, анализи и сертификати кои се направени. Увидовме дека не е направена супер анализа, која согласно процедурите за извоз на брашно во склоп на ЦЕФТА договорот имаат право да ја побараат и направат увозниците на брашно, поточно косовската страна што увезува брашно од кај нас. Ќе чекам да го направат тоа и во текот на денот да ми ги достават и тие документи ако ги имаат, рече Бектеши во одговор на прашање по промоцијата на платформата safetravels.gov.mk за имплементација на „Знак за безбеден туризам“.

Нагласи дека прашањето ќе го актуелизира во Секретаријатот на ЦЕФТА и дека тој лично ќе се ангажира да комуницира со надлежните министерства во Република Косово.

-Согласно анализите кои се прават од косовската страна забранет е увоз на тој вид на брашно, информира Бектеши.