Бројките енормно се намалуваат, па така според ковид-билансот на активни случаи, најмногу има во Скопје 102, а 11 градови се без ниту еден ковид-случај во моментов.

И покрај вториот случај со индискиот сој на вирусот, Филипче рече дека не се планира враќање на рестриктивните мерки. Според него, епидемиолошката состојба останува стабилна.

Досега во земјата се вакцинирани околу 240.000 граѓани, од кои околу 200.000 со две дози. Бројот на граѓани кои чекаат за имунизација е околу 180.000.

Досега во земјата се направени вкупно 856.274 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.

Во моментов се достапни околу 15.000 вакцини за првата доза.