Во текот на денешниот ден е исчистена дивата депонија во местноста “Селиште”, кај црквите “Св.Василиј”, “Св.Јован” и “Св.Атанасије”, село Белчишта.

-На просторот дополнително ќе бидат поставени информативни табли. Апелираме до граѓаните да се воздржат од депонирање на отпад. Против сите прекршители ќе бидат преземени со закон предвидени мерки и санкции, вели градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Претходно деновиве со припомош на општинската механизација и помош од фирма е извршено заградување на просторот на дивата депонија на влезот на село Волино, депонија која изминатите години неколку пати е чистена.