Министерството за транспорт пред нешто повеќе од еден месец го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година. Истиот веќе ги дава првите резултати.

Нови дестинации за летање од Скопје и Охрид

Министерот Александар Николоски информираше дека повикот за нови авиолинии што го распишавме веќе ги дава првите резултати:

Од скопскиот аеродром директно ќе се лета кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт
Од охридскиот аеродром кон Истанбул и Милхаус

Ова се новите дестинации што ќе се воведат следната година, а избрани се согласно јавниот повик за финансиска поддршка за нови дестинации.

Укинати три дестинации, но почесто ќе се лета за Дортмунд

Во меѓувреме, се укинуваат летовите за Келн, Копенхаген и Стокхолм. Во спротивно, ќе има и повеќе летови за Дортмунд. „Визер“ ќе ги зголеми летовите од и до Дортмунд. Во ноември и декември ќе лета 6 пати неделно на релација Скопје Дортмунд, а околу Нова година оваа рута ќе лета секој ден.

Јавен повик од министерството за транспорт и врски

Во рамките на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари.
Еден од главните приоритети на Владата е обезбедување на поволни услови за користење и подобар и попристапен авио транспорт. Со цел подобро поврзување на државата и овозможување подобри услови за патување на граѓаните Министерството за транспорт денес објави ЈАВЕН ПОВИК за поднесување апликации за финансиска поддршка за пуштање нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид. Отворениот повик е објавен на официјалната веб-страница на министерството, како и во Службениот весник на ЕУ за тендери (TED).