Големите реки ширум Британија се излеаја од коритата денеска по обилните дождови, поради што Владата да издаде повеќе од 300 предупредувања за поплави, патничките оператори објавија сериозни нарушувања, а околу 1.000 домови досега се оштетени.

По серијата бури долготрајни врнежи од дожд од вчера паѓаа на заситеното тло и брзо предизвикаа веќе надојдените реки да се излеат од коритата низ Англија и Велс.

Невремето во последните денови предизвика поплави и во други делови на Европа. Реката Трент во централна Англија се излеа од коритата, загрозувајќи го населението. Лондонската противпожарна служба синоќа соопшти дека морала да придружува околу 50 луѓе на безбедно, откако канал се излеа во источниот дел на главниот град.

Во изјава за Би-Би-Си, Керолин Даглас, директор за управување со поплави во Агенцијата за животна средина рече дека досега се поплавени околу 1.000 домови. Во прекин се и дел од железничките линии на југот од земјата. Патиштата беа затворени и во најтешко погодените области.

За денеска се предвидуваат пообилни врнежи од дожд, иако не со ист интензитет како во текот на ноќта, а потоа се очекува и посуво време.