Саниран дефектот во Општина Центар

Екипите на ЕСМ Дистрибуција утринава успешно ги завршија сите предвидени и сложени активности за санирање и отстранување на дефектот на магистралниот вод А во општина Центар. Магистралниот вод поминува преку булеварот „Кочо Рацин“, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен, информираат од АД ЕСМ.

Успешна санација преку ноќта

Вработените со висока посветеност ја завршија санацијата на магистралниот вод во текот на ноќта.

– По завршувањето на овие интервенции, започнаа активности за полнење на топловодите, со што испораката на топлинска енергија до потрошувачите кои се снабдуваат од овој магистрален вод се нормализира. На тој начин се обезбедува стабилно и непрекинато снабдување за сите потрошувачи во општина Центар – велат од АД ЕСМ.

Контакт за потрошувачите

За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви:

  • (02) 3076 200
  • 075 400 100