Двајца жители на Куманово, Т.Ј. (27) и Б.Ј. (46), беа лишени од слобода на 23 август во 22:30 часот, соопшти МВР.
Според информациите, полициски службеници во селото Макреш, општина Старо Нагоричане, забележале паркирано товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва. До возилото биле затекнати двајцата осомничени.
При контролата, Т.Ј. и Б.Ј. не дозволиле увид, физички ги нападнале полицајците и се обиделе да избегаат. Влегле во возилото и се обиделе да ги прегазат службениците, поради што полицијата испукала неколку предупредувачки куршуми во воздух.
По преземени мерки, двајцата биле пронајдени, а возилото со дрвата било запленето. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.