Истата се организира преку социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.

Со следење на мерките за заштита од КОВИД-19 во рамките на неделата на грижа за стари лица се организираат повеќе активности и тоа: функционирање на мобилни тимови на територија на Град Скопје за бесплатна услуга за набавка и достава на храна, хигиена и леков, информативни точки, посета на старски дом „Мајка Тереза“ и ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. „13 Ноември”, посета на кино, информативна работилница за лица во трето доба за нивното запознавање со правата од социјална и здравствена заштита, дистрибуција на пакети за социјално ранливи лица во трето доба, информаривно видео за работата на мобилните тимови за доближување на дејноста.

Овој сервис е поддржан од страна на Градот Скопје, Албиз Фондацијата и Швајцарски Црвен крст. Целта на програмата е разој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење.

Преку програмата на активности се вклучени 200 стари лица во домашни услови и повеќе од 1000 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица. Активностите ги проведуваат медицински персонал и волонтери на Црвен крст на град Скопје.